Вистинските и нераскинливите пријателства се благослов кој само малкумина имаат среќа да го искусат. Како и секоја друга врска, за да се одржува цврсто пријателство потребни се големи напори, искреност и волја. Еве за што конкретно станува збор.
1. Се поддржувате еден со друг и во добро и во лошо
Без оглед на тоа какви искушенија и предизвици ви носи животот, секогаш заедно се обидувате да се справите со нив преку меѓусебна поддршка и утеха. Вистинските пријатели се секогаш тука да ве поддржат во она што го правите, а најдобро од сè е тоа дека не мора ништо да побарате од нив бидејќи тие се постојано крај вас.
2. Никогаш не си судите еден на друг
Секој прави некакви грешки во животот во одреден момент и додека повеќето луѓе ќе се обидат да ве осудат, вашиот најдобар пријател никогаш нема да го направи тоа. Наместо тоа, ќе се обиде да разбере која била причината за таквото однесување и ќе ве спречи повторно да ја направите истата грешка.
3. Го прифаќате најдобриот пријател онаков каков што е
Еден од најсилните елементи на нераскинливото пријателство е меѓусебното прифаќање. Вистинскиот пријател никогаш нема да се обиде да ве промени, туку секогаш ќе ве сака и почитува без оглед на разликите меѓу вас.
4. Можете да имате доверба во вашиот најдобар другар
Вистинските пријателства се засноваат на доверба и искреност, а ако овие два елемента отсуствуваат, тогаш не се работи за вистинско другарство. Знаете дека до себе имате вистински пријател кога немате потреба да лажете. Сè што ви лежи на срце можете слободно да го споделите без да чувствувате страв дека ќе наидете на неодобрување или критика.
5. Секогаш се штитите еден со друг, без оглед на околностите
Една од позитивните работи за вистинското пријателство е фактот дека без оглед низ што и да поминувате, вистинскиот другар ќе ви ја пружи сета неопходна поддршка. Тој никогаш нема да дозволи некој да се однесува лошо со вас и да ве навредува и секогаш ќе наоѓа начин како да ве заштити.
6. Се почитувате еден со друг
Не заборавајте дека почитта е еден од клучните елементи во која било врска. Иако не секогаш се согласувате со ставовите на најдобриот пријател, сепак на учтив начин ги искажувате своите мислења, без да се навредувате еден со друг.
7. Важно ви е да поминувате повеќе време заедно
Едно од најважните „правила“ за нераскинливо пријателство е да се обидете да поминувате колку што е можно повеќе време заедно. Честите дружби можат значително да помогнат во одржувањето на пријателството.
извор:kafepauza/themindsjournal.com