Објавите на Инстаграм покажуваат дека розова боја е хит во уредувањето на ентериерот, а истражувањето на „Rated People“ откри дека оваа боја се употребува најмногу во спалната, во детската соба и во бањата, а сината боја е прогласена за најпопуларна во уредувањето на трпезариите и ходниците. Погледнете кои се најпопуларните бои за секоја соба во куќата:
Бања – розова
View this post on Instagram
Што се однесува до бањата, истражувањето покажа дека розовата е најпопуларна боја, со над 27.000 хаштагови. Идејата за женска просторија во розова боја може да ви биде одбивна, но подемот на розови бањи покажува дека оваа боја навистина ги радува возрасните.
Спална соба – розова
View this post on Instagram
Дали планирате да ја реновирате вашата спална соба? Зошто да не размислите за палета на нежни розови тонови? Спалната соба во розова боја има дури 39.134 хаштагови на Инстаграм и големи се шансите да биде најголем тренд во 2021 година.
Трпезарија – сина
View this post on Instagram
Најпопуларната боја во трпезаријата е сина, со повеќе од 1.200 хаштагови. Дали сте доволно храбри да ја бојадисате вашата трпезарија во сина боја? Нијансите може да варираат од нежна сина боја до темносина, обично комбинирана со бел и дрвен мебел.
Ходник – сина
View this post on Instagram
Изгледа дека сопствениците на куќите знаат која боја може да му даде карактер и стил на ходникот, па затоа синиот ходник има повеќе од 500 хаштагови.
Кујна – зелена
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Со повеќе од 50.000 хаштагови, зелената е најпопуларна боја во кујната. Земјените, пригушени зелени тонови најчесто се комбинираат со бели и дрвени елементи.
Детска соба – розова
View this post on Instagram
Розовата е една од најпопуларните бои во детскиот агол. Со над 18.000 хаштагови, тоа е вистинската боја за многу идни мајки.
Дневна соба – зелена
View this post on Instagram
Од тонови на скапоцени камења до морско зеленило, оваа смела, жива нијанса е многу популарна кај многу сопственици на куќи.
СКали – розова
View this post on Instagram
Сината е можеби најпопуларната боја за ходникот, но розовата е најпосакувана кога станува збор за скалите.
извор: кафепауза