Да, да, веќе и врапчињата на гранките знаат дека патиките се еден од водечките трендови за оваа сезона, но прашањето е како да ги носиме …
Патиките се еден од водечките трендови и оваа сезона можете да ги носите како во секојдневни изданија, така и во вашите вечерни, па и деловни комбинации. И ова правило важи како за моделите кои се бели како снег, така и за оние во силни бои, па и за шарените, со интересни дезени, кои исто така се совршен избор за вашите шик пролетни комбинации. Но колку и да изгледаат лесни и едноставни за носење, со нив многу често можеме и да погрешиме, особено ако не ги следиме следните неколку правила, пишува порталот Elle.rs.
НЕКОЛКУ КОРИСНИ СОВЕТИ КАКО ДА НОСИТЕ ПАТИКИ НА РАБОТА
Кога се плашите да ги истакнете
Веднаш ќе ви кажеме дека е голема грешка која морате да ја исправите веднаш. Некои патики се направени токму за да бидат во центарот на вниманието, односно со ефективен и впечатлив дизајн, па затоа и треба да се истакнат!
Кога исти патики носите на работа и вежбање
Да, мешањето стилови е во мода, но сепак, внимавајте патиките кои ги носите на вежбање никако не се добар избор за деловни комбинации.
Кога носите само бели патики
Белите патики се во мода, но оваа сезона носете и модели во силни бои и со интересни дезени кои одлично стојат на најразлични комбинации.
Кога сакате да го следите секој тренд
Ако ви се допаѓаат последните ИТ трендови, запомнете дека не секој модел стои одлично на секој стил. Едноставно, изберете ги вашиот омилен модел, но никогаш не треба да се обидувате да го следите секој нов тренд.
извор:попара.мк