Живот и Стил

Кои се четирите најпопуларни модели на очила за сонце оваа сезона?(фото)

Кои се четирите најпопуларни модели на очила за сонце оваа сезона?(фото)

Добар пар очила за сонце и високи потпетици може да ја преобразат речиси секоја комбинација, изјави во една прилика дизајнерката Викторија Бекам и таа изјава ќе влезе во историјата на стилот.

Оваа есен, модните дизајнери ја насочија креативната фантазија токму на очилата за сонце како фокусна точка на целосниот изглед.

Како трендови се издвојуваат овие четири модели на очила за сонце што ќе ја збогатат вашата модна комбинација и ќе направат да се издвоите од толпата.

Ако направите комбинација од два модели во еден, тогаш веќе се издвојувате во категоријата жени со стил кои вешто ги следат трендовите.

Правоаголни рамки

Овој ретро модел што го популаризираше Софија Лорен во 70-тите ќе им ја даде потребната доза на холивудски гламур и на наједноставните модни комбинации. Женствени и елегантни, гломазните правоаголни очила за сонце прилегаат на речиси секој облик на лице.

 

Рамки со животински дезен

Животинскиот дезен е голем хит оваа сезона за сите модни парчиња, а очилата за сонце не се исклучок. Изберете го вашиот омилен дезен – леопард точки, тигрести пруги, змиска шара… и блеснете во секоја прилика. Ако на тоа додадете и форма на „мачкини очи“ на рамката, имате полн погодок.

Обоени стакла

Овој тренд е идеален за љубителите на футуристичкиот изглед, но секој може да се обиде да го износи со вистинската нијанса на бојата на стаклото.

Бели рамки

Трендот од ова лето продолжува. Белата боја веќе не е карактеристична само за летната сезона. Одберете и наједноставна комбинација и со очила за сонце со бели рамки сигурно ќе бидете забележани.

To top