Некои хороскопски знаци се многу посветени на своите партнерки, додека други не чувствуваат потреба да им симнуваат ѕвезди за да ја искажат својата љубов. Можеби многу им значите, но нема да ви угодуваат.
Во продолжение дознајте кои мажи ќе ве третираат како кралица, а кои нема да го прават тоа…
Овен
Овенот сака романтичен и рамноправен однос. Тој мисли дека треба да и угодува на партнерката со подароци, но не премногу за да не стане врската материјалистичка.
Бик
Биковите сакаат да им угодуваат на своите партнерки, но нивниот стил е малку поинаков. Наместо со подароци и масажи, својата поддршка ќе ви ја покажат преку поддршка, грижа и одговорност. Со нив ќе се чувствувате навистина сакано.
Близнаци
Не очекувајте кралски третман од нив. Ќе ве држат за рака и ќе ве сакаат, но постојаното угодување не е во нивна природа. Тие мислат дека таквите работи се здодевни и посебните изненадувања ги чуваат само за посебни пригоди.
Рак
Раковите сакаат да ги разгалуваат нивните партнерки и им даваат сè што ќе посакаат. Тие се зависници од топли насмевки и бакнежи. Без разлика што ќе посакате, Раковите сигурно ќе ви ги исполнат желбите.
Лав
Лавовите уживаат во внимание и милување, па затоа бидете сигурни дека така ќе се однесуваат и кон својата партнерка. Очекувајте многу подароци и отмени вечери. Лавовите знаат што треба да направат за да ја направат среќна нивната партнерка.
Девица
Мажите родени во знакот Девица нема да прават ништо посебно за да ви покажат колку им значите, но нивните суптилни гестови и разумност зборуваат доволно. Вие сте принцези за нив и тие секогаш ќе ви ја придржуваат вратата и ќе ви праќаат слатки пораки. Тие се многу слатки и мили.
Вага
Сите знаеме дека Вагите сакаат да им угодуваат на другите луѓе, но нема да ви угодуваат цело време само затоа што вие ќе го побарате тоа. Убаво ќе се однесуваат кон вас, ќе ви даваат многу љубов, но нема да ве стават на пиедестал.
Шкорпија
Мажите родени во знакот Шкорпија се интензивни и многу страсни. Иако би можеле да бидете нивна кралица, најдобро е да не очекувате премногу угодување од нив. Не се склони кон романтични, креативни гестови, но затоа во кревет ќе ве обожаваат како божица.
Стрелец
Стрелците се авантуристи и сакаат да се забавуваат. Повремено сакаат слатки подароци и излегувања. Сакаат да остваруваат силни врски и не сакаат да се чувствуваат како дадилки во врските.
Јарец
Јарците делуваат сериозно, но всушност се многу нежни. Тие ќе ви се поклонуваат и ќе ви го даруваат сиот раскош што го заслужувате во животот. Тоа е негов начин на покажување љубов.
Водолија
На Водолиите најважна им е длабоката поврзаност и вистинската љубов. Ним подароците им се многу површни. Сакаат обајцата да вложувате исто толку труд во врската и да бидете со нив поради нивниот карактер, а не поради подароците.
Риби
Рибите ќе направат сè за нивната партнерка да се чувствува посебно. Тие не штедат кога е во прашање романтиката. Очекувајте многу букети, отмени вечери и ненадејни патувања. Без разлика колку се зафатени, мажите Риби секогаш ќе бидат покрај вас. Многу се внимателни.