Кога не се чувствувате добро сигурни сме дека се консултирате со вашиот лекар што понатаму треба да направите.
Но, дури и од најдобрите доктори ќе слушнеме совети исти како од нашите мајки и баби, што значи дека донекаде се издржани.
Овојпат издвојуваме пет домашни лекови кои се покажале како ефикасни, но секако, важи правилото дека најдобро е ништо да не правите на своја рака, туку да ги слушате советите на лекарите.
Пилешка супа
Оваа супа помага при настинки и веќе има долга традиција како дополнителен лек во вакви случаи. Пилешката супа е популарно предјадење во ладните месеци, а поради содржината на електролити и други хранливи состојки, помага при респираторните проблеми и настинките, особено кога се јаде топла.
Сода бикарбона
Ги смирува дигестивните тегоби, а веќе многу фармацевтски компании произведуваат таблетки со сода бикарбона, за пациентите да можат правилно да ја дозираат количината. Делува така што го неутрализира вишокот желудочна киселина, но и го алкализира организмот.
Мед
Освен ако сте алергични, медот може да помогне да ја смирите кашлицата и болките во грлото. Можете да го консумирате самостојно, но и во чај или млеко. Многу од комерцијалните сирупи против кашлица се базирани токму на медот.
Лак за нокти
Можеби никогаш не сте ни претпоставиле, но лакот за нокти може да помогне кога ќе ве касне инсект. Нанесете тенок слој врз каснатото место, за да спречите иритација и чешање.
Маслиново масло
Многумина го препорачуваат загреаното маслиново масло како лек за болки во увото, а има и такви кои го испробале и тврдат дека делува. Сепак, наш совет за во вакви ситуации е да не експериментирате, туку веднаш да одите кај лекар доколку имате болка во увото.
извор:iportal.mk