Бидејќи деновите ги поминувате во изолација, можеби сте изгубиле волја за вежбање. Сепак, можете да се движите наоколу и да ја зачувате линијата и на други начини, а еден од нив е пролетното чистење. Ова е вистинско време вашиот дом да го доведете во ред, да исфрлите сè од плакарот, да ја исчистите прашината и да направите мали поправки во домот. Ова ќе и годи на вашата форма, бидејќи исто така има некои домашни работи кои согоруваат исто толку калории како и вежбањето.
1. Бојадисување ѕидови
Освежувањето на sидовите со нова боја вклучува истегнување, чучњеви и куп ротациони движења. Токму оваа домашна задача се смета за тежок тренинг.
2. Миење автомобили
Ако имате градина, користете ја за да го измиете автомобилот. Ќе работите на силата и мускулатурата во рамената.
3. Смукање со правосмукалка
Многу луѓе ја мразат оваа активност, но и тоа како му користи на вашето тело. Смукањето, исто така, го активира скоро секој мускул во вашето тело, особено ако сте темелни и кревате парчиња мебел, така што ниту еден дел од вашиот дом нема остане занемарен.
4. Собирање на лисја, сечење дрва и градинарство
Во градината има постојано некаква работа, а престојот на свеж воздух е секогаш добредојден. Ако одлучите да направите нешто што долго го одложувате, како што е собирање стари лисја, брзо ќе ги забележите резултатите.
5. Чистење на подрум и поткровје
Ако исфрлите сè од подрумот или поткровјето, го исчистите, прередите и повторно вратите сè на свое место, бидете сигурни дека ќе чувствувате болка во мускулите во наредните денови. Темелното чистење се смета за многу ефикасен тренинг.
извор:попара.мк