ТВ водителката Ирена Спировска е љубител на природата, а со тоа и се што е природно, па и својот изглед во такво издание.
Ирена секојдневно е пред камерите и рефлекторите, а телевизиската работа бара шминка, не толку комфорна облека, високи потпетици…
Затоа Спировска има често бегство кон природата и планините низ земјата. Деновиве таа имаше едно посебно адреналинско искуство на Националниот парк Галичица каде леташе со параглајдер.
А на такво авантуристичко доживување на неописливата убавина на Галичица и погледот на охридското езеро, не ти реба шминка.
Кога Ирена ќе ја тргне шминката од лицето, таа изгледа дури и помладо.
Ако повеќето припаднички на понежниот пол, особено јавни личности, немаат храброст да се фотографираат без шминка – Ирена напротив, а има и зошто.
Изгледа младо, свежо и блеска со енегрија апсорбирана од спортувањето и секако убавините на Македонија!