Бањата е една од просториите во куќата што мораме често да ја чистиме, но искрено кажано, не е баш лесно да се чисти и дезинфицира, иако веројатно нема толку многу предмети како другите простории.
Сепак, многу луѓе забораваат да измијат еден предмет при чистење на бањата, а тоа е завесата за туширање, се разбира доколку ја имаат.
Како прво, гломазна е, тешко се вади и се враќа назад, а луѓето претпоставуваат дека не треба толку да се чисти со оглед на тоа дека и „се тушира“ секогаш кога вие се туширате.
Може да се пере во машина
Сепак, завесата за туширање останува влажна или мокра и затоа е погодна за раст на бактерии и габи. Можно е дури и да сте ги забележале насобраните бактерии и габи на завесата, микроорганизмите се лепат еден до друг и формираат маса која обично добива некоја боја. Тие групи можат да бидат многу опасни, предизвикувајќи инфекции или нешто полошо, особено кај луѓе со послаб имунитет.
Завесата за туширање не треба често да се чисти, на секои три месеци е доволно доколку не забележите промени во неа.
Ако забележите нешто, ставете го во машината за перење и користете благ детергент. Ставете крпа во машината за завесата да биде помалку збрчкана и измијте ја во ладна вода ако е пластична, а ако е ткаенина измијте ја во топла вода. Во случај да има многу мувла на завесата, додадете белило.
Извор: Курир.мк