Живот и Стил

Клучот на здравјето во текот на зимата е во овие 10 намирници – еден орган треба најдобро да го подготвите за сезоната на настинки и грипови

Клучот на здравјето во текот на зимата е во овие 10 намирници – еден орган треба најдобро да го подготвите за сезоната на настинки и грипови

Здравјето на целиот организам зависи од редовното чистење на организмот од токсини кои се таложат во телото и се закануваат да ја забават работата на органите неопходни за нормално функционирање.

Токсините ги внесуваме по влијание на надворешната средина, преку исхраната со нездрави намирници, хемикалии и преработена храна.

Првите чекори во заштита на органите се редовна детоксикација, комбинација со одредени намирници и напитоци кои придонесуваат во јакнење на здравјето на црниот дроб, а потоа и целиот организам.

Овие намирници ќе ви помогнат и да го регенерирате црниот дроб, како и тоа да го подобрите неговото поздраво функционирање.

1. Јаболко
Јаболката се богати со пектин, којшто му помага на телото да се исчисти и да ги отпушти токсините од дигестивниот систем.

2. Авокадо

Авокадото е богато со значајни состојки кои имаат клучна улога во намалувањето на оштетување на црниот дроб.

3. Цвекло

Цвеклото е богато со бетакаротен и растителни флавоноиди кои помагаат во стимулацијата на подобрувањето на црниот дроб.

4. Лук
Лукот ги активира ензимите во црниот дроб и помага во отстранување на токсините од целиот организам.

5. Грејпфрут

Тој е добар извор на витамин Ц, антиоксиданти и пектин.

6. Зелен чај

Зелениот чај помага токсините и депонованите масти да се исфрлат од организмот и да се зголеми хидратацијата на телото. За значајноста на зелениот чај сме пишувале многупати досега.

7. Зелен зеленчук

Зелениот зеленчук го поттикнува создавањето и нормален тек на желудочен сок којшто помага во отстранување на отпадните материи и вишокот холестерол во телото.

8. Лимон
Лимонот го чисти црниот дроб и е полн со антиоксиданти. Се препорачува утрото да го започнете со чаша млака вода со цеден лимон. На тој начин го чистите и забрзувате целиот метаболизам.

9. Кромид

Кромидот е богат со алицин и помага токсините да се исфрлат од црниот дроб и од дигестивниот систем.

10. Ореви

Оревите се богати со омега 3 масни киселини, аминокиселина аргинин и глутатион кои помагаат во нормалното функционирање на црниот дроб.

извор:точка.ком.мк

To top