Некогашните сопружници Клои Кардашијан и Тристан Томпсон во изолација го прославија роденденот на ќерката Тру Томпсон.
Поранешниот пар заедно ги поминува деновите во изолација, а за роденденот на нивната ќерка одлучија да направат прослава во нивен стил.
Тие се погрижија ништо да им недостига на нивната наследничка, па целата куќата беше полна со балони и поклони инспирирани од анимираниот филм „Тролови“.
Клои на „Инстаграм“ објави фотографии од прославата.
„Среќен роденден моја слатка Туту. Ти си мој незаборевен спомен од претходната година, драгоцен момент во сегашноста и ветување за среќна иднина. Ти си целиот мој свет. Се радувам што засекогаш ќе бидам со тебе. Те сакам, мое мало девојче“ напиша Клои.
View this post on Instagram
Фановите испратија честитки за роденденот на Тру, а убави желби и стигнаа од сестрата на Клои, Ким Кардашијан.
„Многу брзо расте и апсолутно е најслатка“ напиша Ким, а на честитките се придружи и Парис Хилтон.
За потсетување, Клои и Тристан започнаа да се забавуваат во 2017 година, а раскинаа во февруари 2019 кога Тристан беше фатен како се бакнува со една од неговите пролазни девојки.