Направете сочни и вкусни ќофтиња во вашиот дом.
СОСТОЈКИ.
500 гр. мелено месо
1 кг. кромид
2 компири
1 чешне лук
2 лажички црвен пипер
1 лажица доматно пире
2 листа ловор
ПОДГОТОВКА:
Се сече ситно кромидот и се пржи на масло, па се става доматно пире и ловор со црвен пипер.
Се динста додека кромидот не се распадне.
Се меша меленото месо со ситнет лук и со варен и пасиран компир.
Се прават ќофтиња од смесата и се пржат на масло.
Се ставаат во тепсија со сосот со кромид.
Се печат на 180 степени еден час.
извор: готви.мк