Живот и Стил

Ќофтиња од пилешко месо и тиквици готови за миг

Ќофтиња од пилешко месо и тиквици готови за миг

Брзи и вкусни ќофтиња од пилешко месо и тиквици.

СОСТОЈКИ:

450 гр мелено пилешко месо
1 јајце
100 гр овесни снегулки
250 гр рендани тиквици
1 лажица сечкан лук
6 лажици маслиново масло
сол
бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Измешајте пилешко месо со јајце, овесни снегулки, рендани тиквици, лук. Посолете и побиберете, добро измешајте и обликувајте 12 ќофтиња со еднаква големин.

 

2.Загрејте масло во тава на умерена температура, додајте ќофтиња и пржете 15-20 минути. Повремено вртете ги. Послужете со сос од јогурт, малку лут зачин, магдонос и сечкан лук.
Добар апетит!

извор:готви.мк

To top