Модната блогерка и стилистка Злата Аранѓеловиќ, инаку ќерка на пејачката Зорица брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ- Кемиш, денес е во среќен брак со увездата на „Гранд“, Милош Вујановиќ. Меѓутоа, Милош не е единствениот пејач во животот на Злата.
Таа пред неколку години се забавувала со Јоцо Стефановиќ. Нејзината љубовна врска траеле околу половина година, а раскинувањето поминало бурно. Имено, Зорица по разделбата на Злата и Јоцо изјави дека е „Врска од широк поим“, коментирајќи ја нивната врска, што го изнервира младиот пејач.
-Сакам да ставам точка на таа приказна. Малку ме погоди тоа што го изјави Зорица. Не разбирам… можеби за неа тоа е така, но добро знае што имав со Злата и каков бев кон неа. Криво ми е што си дозволи да коментира. И мојот татко е име, но тоа само по себе не би си го дозволил. Притоа, кажа дека сакам маркетинг преку таа врска, што воопшто не е вистина. Мислам дека на Зорица не и треба маркетинг преку мене, но ако тоа го сакаше, драго ми е што и помогнав, вели во една прилика Јоцо.
По оваа ситуација, тие се сретнаа на една свадба, но не контактираа,
-Не ми беше непријатно што двете беа таму. Јас си ја гледав работтата и ми беше супер. Макар што морам да признаам дека забележав како Злата ме гледа, но ни поради тоа не ми беше непријатно. Боже мој, сепак сум убаво момче, па не ме чуди што ме гледаше, раскажа пејачот за еден српски медиум.