Фудбалскиот репрезентативец Немања Радоњиќ кој игра за Олимпик во четири натпревари успеа да постигне три гола, а како што пренесува телеграф.рс фудбалерот овој успех го должи на неговата заљубеност.
Како што пишува горенаведниот медиум, фудбалерот е заљубен во Софија Шашиќ, ќерката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ.
„Заљубен е до уши и токму Софија со која е во врска веќе два месеци, е задолжена за неговиот успех. Со години беа другари, но сфатија дека има нешто повеќе, па започнаа љубовна романса. Софија беше во Марсеј, а Немања кога го постигна голот и прати бакнеж“ вели извор близок на парот.
Радоњиќ истакна дека Господ го наградил неговиот труд, но дека љубовта и желбата се покажале како движачка сила.
Софија во медиумите го привлече вниманието така што на својот „Инстаграм“ го стави презимето од нејзината мајка, односно Вуксановиќ, а во периодот кога нејзината мајка беше во брак со Аца Лукас таа изнесе многу обвинувања на сметка на нејзиниот татко, Жељко Шашиќ.