Радио Милева наследничка...

Ќерката на Тифа – некогашниот пејач на „Бијело дугме“ и „Дивље јагоде“, тргна по стапките на татко и: Сара е талентитана, расна убавица со глас на… ѕвер! (ВИДЕО)

Ќерката на Тифа – некогашниот пејач на „Бијело дугме“ и „Дивље јагоде“, тргна по стапките на татко и: Сара е талентитана, расна убавица со глас на… ѕвер! (ВИДЕО)

Сара Војчиќ, ќерка на Младен Војичиќ – Тифа, реши да вплови во музичките води, ни помалку ни повеќе,  туку како пејачка на хеви метал бенд. Сара започнала да се образува во музичко училиште уште како дете. Имала, вели, високи амбиции кога станува збор за виолината, но „пеењето сепак пресудило“.

Нејзиниот татко и го дал најважниот совет во кариерата и тој и е најголема поддршка.

„Никогаш не сакав да го вклучам татко ми премногу во мојата музичка кариера, да се експонирам преку неговото име. Тој ми рече дека секогаш е тука за сè што ми треба, но дека треба да се борам самата. Се согласувам со тоа, иако во последно време ние често седиме навечер, разговараме за тоа што направив, колку далеку сум стигнала и јас ја имам неговата поддршка. Сè што снимам, му го пуштам тој прв да го слушне, бидејќи коментарот од него како и оној на мајка ми, ми значат најмногу. Веднаш можам да видам на нивните лица дали тоа што го правам е правилно или не“ – ќе рече Сара во една прилика и ќе додаде:

„Да, правам сè од срце. Ако правите музика, направете го тоа од срце или не правете го воопшто. Тој секогаш ми го кажувал тоа. Вториот совет е дека е тешко да се живее во нашата земја од ова вид на музика и тој секогаш ме советува да се обидам да повеќе работи што би можеле да ми бидат од корист, бидејќи никогаш не знам што ќе ме чека во животот. Се согласувам со тоа. Јас сум прилично слична на татко ми, затоа што сум голем емотивец, се разбираме, обајцата сме на иста бранова должина“ – тврди младата, талентирана, расна убавица со глас на ѕвер.

To top