Никол Ричи, ријалити sвездата и ќерка на познатиот соул пејач Лајонел Ричи, до крајот на животот ќе ја памети прославата на својот својот 40 -ти роденден. Таа објави видео од жешката славеничка ноќ на Инстаграм.
Во видеото се гледа како Никол ги дува свеќичките на нејзината роденденска торта. Во еден момент пламенот од свеќата ја зафаќа нејзината коса. Штом гостите видоа дека Никол ја запали косата, почнаа да ја плескаат со рацете за да го изгаснат огнот кој за миг пламна и за малку сериозно не ја повреди.
View this post on Instagram
„Па … Досега 40 -ката се покажа како огнена“- се пошегува Никол на своја сметка, откако сепак се’ среќно се заврши.
На шегите се придружија и нејзините пријатели и следбеници на Инстаграм.
„Ова беше навистина жешко“, „Никогаш нема да го заборавам овој момент“, „Ова беше жешка ноќ“, „Се чувствувам ужасно затоа што силно се смеам на ова видео“, напишаа нејзините пријатели.
Фото: Инстаграм принтскрин/nicolerichie