Foto: Dejan Briza
Актерката Јелена Жигон почина вчеравечер(10.април), а нејзиното семејство е во длабока тага и болка. Актерката и ќерка на Јелена, Ивана Жигон е во лоша состојба поради смртта на мајка си.
Таа собра сили да одговори на повикот на српскиот портал Ало.рс и изјави:
-Не можам да зборувам. Разберете ме, навистина не можам. Многу ми е тешко, немам сили, низ солзи изјавила ќерката на познатата српска актерка.
Потсетуваме, по ненадејната болест и кратко боледување, филмската легенда почина во болница во Белград.