Цеца Ражнатовиќ пристигна во Црна Гора да пее за нејзината публика и верните обожаватели. Штом слета на аеродромот во Тиват беше толку изненадена, што речиси и ќе заплачеше.
Откако таа ги поздрави нејзините фанови, една девојка која носеше букет цвеќе в рака се издвои од масата и и пријде на пејачката. Веднаш штом ја виде, Цеца беше на работ на солзи.
Тоа беше ќерката на Вукосава Николиќ, бабата која неодамна почина, а беше најзината најверна обожавателка во Црна Гора.
Пејачката беше толку погодена од веста дека баба Вукосава умрела, што од неа лично се прости преку социјалните мрежи.
Затоа не е чудно што доаѓањето на ќерката на баба Вукосава, која очигледно ја наследила љубовта кон големата ѕвезда, беше толку инспиративно и емотивно ја допре фолк дивата.