„Ќерката на покојниот пејач Микија Јевремовиќ, Јелена Јевремовиќ, помина низ пеколен развод од нејзиниот сопруг Предрад Недељковиќ, кој беше уапсен пред две години за поседување на големо количество дрога и оружје. Тој неодамна беше осуден на осум години затвор од кои веќе две мина зад решетки.
Веднаш штом стана официјално слободна, поранешната пејачка одлучи да ја опорави нејзината кариера, која ја стави настрана заради семејството.
Јелена била видена пред неколку дена во зградата на Пинк ТВ на Дедиње, каде преговара за учество во третата сезона на реалното шоу “Задруга 3”.
Таа дури и ставила слика на Инстаграм за да се лоцира каде е.