Радио Милева
ќе гради музичка кариера

Ќерката на Џеј Рамадановски донесе важна одлука по смртта на татка си: Maрија станува пејачка?

Ќерката на Џеј Рамадановски донесе важна одлука по смртта на татка си: Maрија станува пејачка?
фото: инстаграм

Марија Рамадановски, ќерката на Џеј Рамадановски досега се занимаваше со шминкање, а по смртта на пејачот одлучила да се посвети на музичката кариера и да стане пејачка, пишуваат медиумите.

Како што пишува ало.рс, Марија наводно започнала да бира соработници и песни, а најголема поддршка има и од зетот Адил Максутовиќ.

„Додека беше жив, Џеј ја тераше Марија да сними песни. И предложи да снимат и дует, но таа одбиваше поради нејзината несигурност и трема Пред да почине, Џеј и Марија гостуваа во неколку теливизиски емисии во кои таа го покажа својот раскошен глас“, вели извор близок на семејството Рамадановски.

фото: инстаграм

„По срмтта на Џеј, Марија често вели дека нејзиниот татко би бил горд на неа кога таа би запеала…Жал и е што на тој чекор не се одлучи порано додека тој беше жив бидејќи ќе и помогнеше околу музичкиот праавец, но и околу соработниците, музичарите, изборот на песни.  Кога почна да се шпекулира дека ќерката на Џеј ќе станува пејачка, некои текстописци почнаа да и се јавуваат и да праќаат песни“ тврди изворот.

фото: инстаграм

Марија има завршено козметичко училиште, а работи како шминкерка во еден театар.

Како што пишуваат српските медиуми, Марија сака да сними поп албум.

„Марија отсекогаш беше наклонета кон забавната музика, ги слуша Нина Бадриќ, Александра Радовиќ…па би сакала нејзината прва песна да биде слична како песните на нејзните постари колешки“.

Останати вести од Радио Милева