Радио Милева Благодарна

Ќерката на Џеј изјави дека никој од естрадата не и излегол во пресрет по смртта на татко и, а сега Саша Матиќ вели дека ќе и помага и финансиски (фото)

Ќерката на Џеј изјави дека никој од естрадата не и излегол во пресрет по смртта на татко и, а сега Саша Матиќ вели дека ќе и помага и финансиски (фото)

Марија Рамадановски, ќерката на покојниот пејач Џеј Рамадановски, одлучи да ја започне својата музичка кариера, а Саша Матиќ е подготвен да и помогне на секој можен начин.

Наследничката на пејачот по професија е шминер, но реши да се откаже од таа работа заради музика. Причината за тоа е што, покрај талентот, Марија сака да ја исполни желбата на нејзиниот татко и да се испроба во пеењето, што Џеј ја убедуваше да го стори долго време, пишува „Курир.рс“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kjerkata-na-pokojniot-dzej-reshi-da-stane-pejachka-ama-nikoj-od-estradata-ne-me-bara/

Додека беше жив, Џеј инсистираше неговата наследничка да сними песна, па дури и предложи дует. Сепак, таа одбила поради несигурност, но непосредно пред крајот на неговиот живот, таа се согласила да биде гостинка во неколку телевизиски емисии со него. Тогаш покажа дека го наследила талентот од нејзиниот татко.

Покојниот Џеј никогаш не му кажал на својот пријател Саша Матиќ за желбата на Марија да се занимава со музика, но тој истакнува дека тој е тука за сè што и треба во животот и кариерата.

– Мојот пријател Џеј никогаш не ми рече дека неговата ќерка сака да пее професионално. Слушнав дека го наследила талентот од нејзиниот татко и дека многу сака да пее. Јас ќе бидам прв тука за неа, ако и треба каква било помош, и финансиска, но и за избор на песни, музика, што и да и треба, секогаш може да ме контактира. Прекрасно е што таа сака да продолжи по стапките на негјзиниот татко, тој би бил горд – истакна Матиќ за споменатиот медиум.

Марија реагираше воодушевено кога слушна што рече Матиќ.

– Би сакала да ви се заблагодарам за секој убав коментар и желба да помогнете. Чест ми е што тој има толку убаво мислење за мене и што ми посакува добро – започна Рамадановска и додаде:

– Во моментов работам на песна, избирам соработници, но сè уште не е за во јавноста. Не знам уште кога ќе излезе. Она што можам да го кажам е дека ќе биде во помодерен стил, тој е комерцијален и тоа е она што луѓето го бараат, и воопшто повеќе сакам да го пеам тој поп-фолк стил. Фала му на Бога, можам да пеам сè, така што тоа не е проблемвели Марија.

Таа исто така посочува дека повеќе не се занимава со шминка, како и дека не работи во Народниот театар, бидејќи музиката е нејзина главна преокупација во наредниот период.

Да потсетиме, Џеј Рамадановски почина на 6 декември 2020 година, во неговиот стан во Дорчол.

To top