Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан во последната епизода на “Keeping Up With Kardashians” се расплака пред камери.
Имено, таа на своите сестри им откри како се чувствува поради разводот со Канје Вест.
„Не можам повеќе вака, го изневерив“, почна да раскажува Ким низ солзи.
„Тој е одличан татко и мислам дека заслужува некој кој ќе го подржува секој нејзин чекор, кој ќе биде со него и ќе го следи во секој момент. Се чувствувам како губитничка на крајот од 7 годишниот брак“, вели Ким.
Ким и Канје биле на брачно советување пред да поднесат барање за развод. Наводно, ниту Ким ниту Канје нема да се спротивставуваат на предбрачниот договор, па секој од нив ќе си го задржи богатството.
Исто така, Ким побарала заедничко правно и физичко старателство над децата, а биполарното растројвство на Канје нема да влијеа на одлуката.
Вест ја замолил Ким дека кога ќе биде со децата таа да не биде присутна, туку со нив да биде само дадилката, а Кардашијан го прифатила ова барање.