По бројните нагодувања дали Ким Кардашијан извадила неколку ребра за да има толку тенот струк во фустанот на „Версаче“ кој го носеше на „Мет Гала“, објавена е снимка преку која е објаснето дека Ким носела корсет во кој едвај дишела.
Ким на престижниот моден настан се појави со мокар изглед и фустан кој ги истакна нејзините облини кои блескаа во кристали. Изгледаше како да излегла од вода, а нејзиниот стајлинг воодушеви многумина.
На социјалните мрежи имаше расправа дека Ким извадила ребра за да влезе во фустанот, меѓутоа на официјалната страница на „Вог“ објавено е видео на кое се објаснува дека таа под креацијата носи корсет од кој едвај можела да се движи, па преку истото видео и се „извини“ на организаторката на „Мет Гала“, Ана Винтур.
-Ана, ако не седнам во текот на вечерта, сега знаеш поради што. Ќе шетам наоколу, ќе се дружам, но не можам да седнам, изјавува Ким на снимката.
Погледнете: