Радио Милева
работата ги зближи

Кија Коцкар и Ѓани ги врзува нешто заедничко: Започнаа со дует, продолжија со спот… башка, пејачката може да му стане и снашка? (ВИДЕО)

Кија Коцкар и Ѓани ги врзува нешто заедничко: Започнаа со дует, продолжија со спот… башка, пејачката може да му стане и снашка? (ВИДЕО)

Радиша Трајковиќ – Ѓани посака Кија Коцкар да биде неговата снаа! Откако го снимија прво дуетот, а потоа и видеоспотот, фолкер се обидува на секој начин да ја спои пејачката со неговиот помал син Марко (21).

Наследникот Ѓани и Кија се запознале за време на снимањето на видеото за песната „Лесно е да си верен кога никој не те гледа“ и уште оттогаш тие се во контакт.

„Не би се бунел ако мојот син Марко ја донесе пејачката во мојата куќа. Кија може да биде мојата снаа, зошто не! Ако на Кија и Марко им било судено, ќе им посакам се’ најдобро! Па, кога подобро и ќе размислам, навистина би ја сакал неа во семејството“ – вели Ѓани за српски „Информер“ и додава дека тој никогаш не се мешал во изборот на поубавите половини за неговите синови:


„Ма, нека избере келнерка или старлета, сеедно… Единственото нешто што ми е важно тие да се среќни. Јас го поддржувам и ќе го аминувам сето тоа. Која и да ја донесат во куќата – таа е добредојдена! Мојот постар син е генерално одличен, да го женам и овој помладиов и јас сум на коњ“ – вели Ѓани.

И на Кија не и пречи да стане госпоѓа Трајковиќ и да се посвати со познатиот фолкер.

„Го запознав синот на Ѓани, беше на сетот при снимањето на видеото и тој е многу културно и убаво момче. Многу личи на татко му и мило ми е што е од толку добро семејство. Сè е можно, во животот никогаш не знаете што носи денот, а што носи ноќта“ – вели победничката на „Задруга 1“, пејачката Кија Коцкар, која како што е познато, до сега веќе еднаш беше во брак со колегата од естрадата и ријалити учесник, Слободан Слоба Радановиќ.

Останати вести од Радио Милева