Живот и Стил

Кето салата со пилешко и сирење за сите кои избегнуваат јаглехидрати

Кето салата со пилешко и сирење за сите кои избегнуваат јаглехидрати

Ако сте меѓу оние кои ги следат правилата на кетогената диета, тогаш можеби ќе ве интересира рецептот за оваа салата. Кетогената или кето диетата е посебен начин на исхрана кој подразбира драстично намален внес на јаглени хидрати и зголемен внес на масти и адекватен внес на протеини.

Кога се храниме на таков начин, телото влегува во состојба на кетоза, што значи дека наместо јаглехидрати, ги користи мастите како примарен извор на енергија.

Салатата со пилешко, јајца и сирење е полна со протеини и содржи минимална количина на јаглехидрати, па затоа е идеален оброк за сите оние кои сакаат да се хранат во согласност со кетогената диета.

Состојки:

1 мал пилешки стек
половина авокадо
1 јајце
1 домат
грст зелена салата
5 даг свежо козјо сирење
малку кромид (по избор)
масло, оцет, сол и бибер

Подготовка:

Сварете јајце. Пилешкиот стек испечете го на грил тава или на обична тава. Измијте ги зелената салата, доматот и авокадото и исечете ги на помали парчиња.

Печеното пилешко исечете го на ленти. Излупете го јајцето и исечете го на коцки. Исецкајте малку кромид, а ако не ви се допаѓа, не мора да го користите. Ставете ги сите состојки во садот. Зачинете со масло, оцет, сол и бибер. На крајот додадете козјо сирење во салатата.

извор:попара.мк

To top