Музичарот Саша Матиќ никогаш не криел колку е горд на своите ќерки и дека има многу отворен однос со нив. Така еднаш открил дека ќерката Александра прво му кажала дека е заљубена и дека има момче.
Нејзината врска е врска на далечина бидејќи потенцијалниот зет на пејачот живее во Црна Гора, но во нивниот случај километрите дефинитивно не се пречка.
Постарата ќерка на Саша Матиќ никогаш не бегала да му каже на својот татко се’ што има, исто како и нејзината помала сестра Тара, а Саша во едно интервју откри дека неговата сопруга е построг родител.
View this post on Instagram
– Со мене се’ е можно. Сопругата оди некаде на пат, остануваме тројцата и ќерката вели: „Тато, утре има забава“. Доаѓаат нивните пријатели, отворено разговарам со нив, ги прашувам дали им се допаѓам, разговараат со мене – изјави Саша во емисијата „Реална цена“.
– Мислам дека се горди што сум им татко, но тоа никогаш не го потенцираа на училиште. Такви се и до ден денес. Еве, на пример, Александра сега оди во Црна Гора да се види со нејзиното момче, но никогаш не би ми се јавила кога ќе и дадам контакт за да ги олеснам работите на аеродром. Ниту едното ниту другото не е така – рекол Саша, откривајќи дека неговата ќерка е заљубена и дека често го поминува времето со своето момче во Црна Гора за кое вели дека им е потенцијалниот зет.
фото:Instagram printscreen/ sasamatic_official