Кога имаш познати родители, особено во светот на шоу-бизнисот, не можеш да го избегнеш вниманието на јавноста и медиумите. Ве гледаат под микроскоп, го следат секој ваш потег, ве оценуваат од глава до пети и постојано ве притискаат. А ако мајка ти е Џенифер Лопез, една од најубавите жени на светот, тој товар е уште потежок.
Во бракот со Марк Ентони, познатата пејачка и актерка ги доби близнаците Макс и Ема. Тие сега имаат 15 години и се на најчувствителна возраст.
Момчето речиси никогаш не го гледаме, но девојката често е мета на папараците. Пред неколку дена и правеше друштво на мама на прошетка во Лос Анџелес, а сликите веднаш стигнаа до таблоидите и интернетот.
Тинејџерката, како и веројатно сите деца на таа возраст, се придржува до сопствениот кодекс на облекување. Многумина веруваат дека нејзиниот стил не е претерано женствен, напротив. Бидејќи очигледно не се труди да изгледа како ќерка на музичка дива и модна икона, таа често е предмет на живи дискусии на социјалните мрежи и исмејувачки коментари. Навредите, за жал, се побројни од комплиментите.
Ема сака полежерна, спортска гардероба и се чини дека не и е грижа што мисли некој. Таквиот став беше доволен за некои да заклучат што всушност е трансродова личност. Нејзината мајка, исто така, ги подгреа нејзините сомнежи. Имено, по еден заеднички настап, Џенифер при обраќањето на својата ќерка наместо „таа“ употребила родово неутрална заменка „тие“.
Дека Ема не се откажала од својот „момчешки“ имиџ докажуваат актуелните фотографии. Сè уште носи широки шорцеви, скејтерски чевли и капа. Не преферира женска гардероба, а некој би рекол дека ниту шминкањето не и е омилено хоби.
фото: Emma McIntyre/Getty Images