Помладата ќерка на легендарниот пејач Џеј Рамадановски, Марија, е во друга состојба.
Марија, која тргна по стапките на својот покоен татко и се занимава со музика, досега криеше информации за бременоста, а сега за прв пат проговори на оваа тема.
View this post on Instagram
Таа сподели видео во кое го открива полот на бебето кое со нејзиниот сопруг со нетрпение го очекуваат.
Брачната двојка со заеднички сили прободе голем црн балон исполнет со розови конфети кои го симболизираат женскиот пол.
View this post on Instagram
Не можеа да ја сокријат насмевката и задоволството на лицата, а по пукнувањето на балонот следеше долга и силна прегратка.
– Принцеза – напиша Рамадановски во описот и стави розово срце.
фото: Instagram printscreen/ marija_ramadanovski