Кефир, е пробиотски млечен производ, што од дамнешните времиња им е познат на жителите на Кавказ и кој има неверојатни здравствени бенефити. Според преданијата зрнцата и упатствата за негова подготовка староседелците ги добиле директно од пророкот Мухамед, заедно со заповед за чување на тајната. Се смета како еликсир на младоста, животот и долговечноста.
Лековити својства на кефирот
Тој вкусен и освежителен киселкаст напиток се подготвува од таканаречените печурки на кефир, иако се работи всушност за симбиоза на корисни бактерии и габички. Искуството покажало дека кефирот поволно влијае на здравјето, лекува или помага при лекување на многу болести и тегоби.
Кефирот не дебелее. Во 100 грама со масленост од 3,5 грама има 63 калории (што е исто како и кај јогуртот), а има и силно својство на регулирање на дигестивниот систем. Го користат луѓето кои имаат тегоби во дигестивниот систем, но и оние кои имаат проблеми со коските, затоа што бактериите кои ги има кефирот, помагаат во нивното зајакнување.
Редовното конзумирање на кефир:
- го јакне имунитетот
- го чисти организмот од токсини
- помага во воспоставување на нормален крвен притисок
- го намалува нивото на холестерол
- помага при болести на желудник.
- ја обновува флората и ги ублажува цревните болести
- помага при болести на црниот дроб, бубрези и жолчка
- лекува воспалителни процеси ( природен антибиотик )
- помага при слабокрвност и слаба циркулација
- лекува респираторни заболувања
- помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем
- делува против габички и бактерии- го успорува ширењето на канцерогените клетки
- помага кај астма и алергии