Триесет и двегодишниот брат на Кејт Мидлтон, Џејмс Мидлтон наскоро ќе заплива во брачните води.
Имено, Џејмс вчера потврди дека неговата избраничка Ализ кажала „да“.
„Кажа да. Нашата тајна е откриена, но сеедно пресреќни сме што можеме да ги споделиме вестите“, напиша Џејмс во описот на фотографијата која ја објави на социјалните мрежи.

На фотографијата Ализе го покажа свршеничкиот прстен на кој има дијамант. Прстенот наликува на свршеничкиот прстен на Кејт кој некогаш припаѓаше на принцезата Дијана.

Љубовниот пар се запознале претходната година во еден бар и оттогаш не се разделуваат.
„Мојата ќерка е многу среќна со Џејмс“ изјави таткото на Ализ за „Дејли мејли“ и потенцираше дека се многу заљубени.