Македонскиот модел Катарина Ивановска во 2019 година за вторпат се реализираше во улогата на мајка и на свет донесе девојче.
Катарина за нејзината наследничка го одбра името Кира. Освен Кира, Ивановска го има и синчето Вања.
Таа е активна на социјалните мрежи, па често знае да ги сподели своите наследници, како го поминува времето…
View this post on Instagram
Овојпат, Ивановска имаше убав повод за славење. Имено, нејзината Кира наполни две години.
Токму поради тоа, Катарина во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија која настанала по породувањето oдносно кога првпат ја здогледала Кира.
„Точно пред две години оваа мала херојка ми го освои срцето засекогаш“, напиша таа во описот на фотографијата.
Бројни честитки пристигнаа на адреса кај Кики, а таа ги шеруваше во кусите приказни на „Инстаграм“.
Инаку, Катарина и Цобе, таткото на нејзините деца ставија крај на заедничкиот живот. Меѓутоа, Кики повторно ја најде среќата во љубовта и тоа со Перо Антиќ.
Среќен роденден Кира.