Катарина Грујиќ неодамна присуствуваше на една забава каде што не ја тргнуваше насмевката од лицето, а сега откри кој е задолжен за нејзината насмевка.
„За мојата насмевка е задолжена мојата нова песна, сите се воодушевени, јас сум пресреќна“ вели Катарина и ги откри сите детали за приказните кои се појавуваа во медиумите односно дека нејзиниот партнер бил „машка спонзоруша“.
„Тоа беше многу порано, пред неколку години, не би се враќала на таа тема, тоа е во минатото и нека остане таму, да не се повтори“ вели пејачката.
Каќа призна дека моментално е слободна и дека не постои ниту еден маж во нејзиниот живот.
„Нема, се трудам да се посветам на својата кариера, песните и албумот кој го подготвувам за следната година, така да мојата најголема љубов е музиката“ вели Грујиќ.
Пејачката пред неколку месеци имаше воспаление на белите дробови поради што заврши во болница.
„Сега се чувствувам подобро. Точно е дека бев во болница и тешко оздравував, но сега се чувствувам многу подобро. Немам терапии, користев антибиотици, а сега треба да се чувам од настинки.Семејството беше покрај мене 24часа, но ме посетија и многу колеги, а меѓу нив Тамара Милутиновиќ, Едита, Јелена Костов, Цеца, сите беа покрај мене и благодарна сум им на тоа“ изјави пејачката.
Каќа проговори и за љубомората која владее на српската естрада, па истакна дека сигурно ја озборуваат многу колеги.
„Нормално е во нашата професија да има љубомора. Мислам дека тие луѓе зборуваат сами за себе. Јас не им пречам ако се големи „ѕвезди“, а ако ме оговараат тоа зборува за нив“ вели Грујиќ.