Радио Милева ладен физикус со топло срце

Каролина ја отвори приватноста: Јавно ја покажа мајка и честитајќи и роденден (ФОТО)

Каролина ја отвори приватноста: Јавно ја покажа мајка и честитајќи и роденден (ФОТО)

Македонската поп/фолк дива Каролина Гочева иако е оддамна на естрадата, никогаш пред камерите не сакала да зборува за својот приватен живот. Деталите од приватноста, освен оние, најосновните,  никогаш не ги  откривала, сакајќи да се заштити себе си и своето семејство од трачевите, аферите, таблоидите, кулоарите…

Македонското девојче-битолчанче минатата година стапи во брак со ликовниот уметник Михаил Корубин. Пред објективот на камерата таа и од свадбената церемонија речиси  го скри својот приватен живот, зашто едвај неколку фотографии излегоа во јавноста. И откако е во брак, Каролина ја задржува истата линија, истиот начин на поимање на приватноста и професијата.

Сепак, колку и да држи до овој свој став, „железната лејди“ не додржа да направи нешто, што веројатно и неа и покажа и докажа дека понекогаш споделувањето на приватноста со јавноста е добра и за тебе и за тие околу тебе.

Имено, Каролина во овие предпразнични денови сподели фотографија на Инстаграм, која е нејзината мајка Светлана, среќна, расположена и насмеана. Покрај фотографијата честитката за нејзиниот роденден од нејзината Каролина. Вистинска реткост, но чин кој очигледно, не само што и го стопли срцето на мама Светеле или Сеси – како што некои од пријателките на Каролина ја нарекуваат, туку ги стопи и срцата на сите оние што ја знаат и познаваат и и’ се блиски… И неа и на Каролина.

 

View this post on Instagram

 

Среќен роденден my beauty ❤️

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Листата од постирани честитики, позитивни коментари и желби за здравје, долг живот, среќа и радост…  беше бесконечна.

Каролина само малку ја подотвори приватноста и многу доби во очите, не само на своите блиски и фанови, туку и на сите други, покажувајќи дека сепак зад „ладниот физикус“ –  стои топло срце!

 

To top