Каролина Гочева летото го користи максимално.
За згодната и позната битолчанка со скопска адреса, патувањата со своите сакани се неизоставен дел од топлата сезона.
Иако неодамна се врати од Хрватска каде традиционално беше со сестрата, внуките и мама Светле, сега на ред повторно дојде уште еден одмор со нејзиниот сакан Михо- овој пат на Скијатос.
View this post on Instagram
Малиот грчки остров во Егејското море, беше изборот за брачката двојка кои се препушија на природата, сонцето, водата, забавата…
Каролина е позната по тоа што речиси секогаш е резервирана да покаже нешто повеќе од себе или за себе, но сега излезе од својата резервирана зона и на изненадување позираше, односно парадираше во објективот на сопругот, разголена во мнини колоритно бикини.
View this post on Instagram
Крупен кадар на манекенското тело, но и набрекнатите пупки кои влегоа во кадар.
Ултра згодна секси глетка која е навистина ретка за Каролина, а ќе стои да сведочи на Инстаграм од одморот на Скијатос.
Коментарите секако беа неизбежни, што од познати и непознати за неа следбеници, но сите се држеа на истото дека Каролинче е меѓу ретките женски природни убавини.