На модната недела во Амстердам, специјална гостинка на ревијата е пејачката Јелена Карлеуша.
Таа важи за најстилската дама во Србија и пошироко, па не е чудно што е една од главните ѕвезди на овој настан.
View this post on Instagram
Инаку, на овој настан се појавуваат највлијателните инфлуенсери од целиот свет, а Јелена успеа да ги плени сите на настанот и да биде во центарот на вниманието.
Кога Карлеуша се појави на црвениот тепих, сите погледи беа вперени во неа.
View this post on Instagram
Популарната пејачка носеше црн кожен горен дел во кој до израз дојдоа нејзините бујни гради, а сето тоа го спои со ракавици од истиот материјал. Долниот дел од телото го покри со долго здолниште, но со длабоко деколте, под кое се гледаше долна облека во иста боја.
Комбинацијата ја зачини со сандали до бутовите, а она што многумина го забележаа се витката линија и стомачните на Јелена.
Инаку, Карлеуша во Амстердам останува само еден ден и заминува од овој град поради деловните обврски.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ЈК