Мајката на Јелена Карлеуша, Дивна, почина на 3 март 2019 година, а вчера ќе го прославеше 62-от роденден.
Јелена го одбележа овој датум и постави бел букет во форма на срце на гробот на нејзината мајка, како и статуа на мал ангел.

Дивна почина по неколку години борба со опаката болест, а последниот роденден го прослави со најблиските во еден ресторан во Белград.
Дивна и Јелена отпатуваа за Истанбул на почетокот на јануари 2019 година, каде што уживаа неколку дена заедно.