Деновиве во српските медиуми и на социјалните мрежи се крена пршина колку Јелена Карлеуша го доведе своето тело во соврешена форма, а фокусот особено беше на нејзиниот затегнат стомак и видливите мускули.
Резултатите од диетата и третманите се евидентни, но кај Карлеуша изостануваат фотографите од теретана, која очигледно не и е силна страна.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/karleusha-go-pokaza-sovrsheniot-chelichen-stomak-a-na-toa-ne-mozea-da-premolchat-jelena-rozga-i-tijana-dapchevikj-foto/
За разлика од неа, нашата пејачка Викторија Лоба, покажа многу повпечатливи стомачни кои се како „камен“ – резултат на балансирана исхрана, третмани во салони за убавина ама и вежбање.
Лоба снимајќи се со мобилниот ја крена блузичката под која и тоа како имаше што да покаже. Преку апликација на грбот си додаде крилја, веројатно сакајќи да алудира на тоа дека се поистоветува со атрибутите на ангелите од „Викторија Сикрет“.
-Утро, напиша во описот, а со ваква глетка во огледало, јасно е дека мотивацијата е и повеќе од доволна за секој ден да биде подобара и подобра.