Популарната пејачка Јелена Карлеуша за себе знае да каже дека е најдобра „риба“ на светот, а на нејзините „хејтери“ им порача дека може да зборат што сакаат!
Имено, на пејачката и дошло преку глава од навредите за нејзиниот физички изглед и обвинувањата дека ги фотошопира фотографиите на Инстаграм, кајде има 2,4 милиони следбеници.
На ЈК и дошло преку глава, па објави отворено писмо до „хејтерите.
-Луѓе, своите фрустрации истресете ги кај вашите мајки! Мене фотошоп на телото и лицето не ми треба, бидејќи сум најјака „риба“ која во живо изгледа 100 пати подобро отколку на фотографиите. Волку јака „риба“ по втор пат може да се појави само ако се клонирам! До тогаш уживајте во моите фотографии и видеа. Копирајте ги, воодушевувајте им се, лајкувајте и др*ајте на нив, напиша пејачката на Инстаграм.
Таа во продолжение објасни како ги средува фотографиите:
-Ги тргам сенките, ја изострувам фотографијата и го појачувам конрастот. Накратко, само ги средувам боите. Хејтерите слободно нека ми завидуваат, а јас ќе продолжам да ги блокирам го*ната! Се извинувам, но на мојот профил нема да дозволам слепци да оговараат. Ме пратат милиони луѓе, а уште толку имам блокирано, бидејќи не еб*м жива сила!
-Никогаш немам ставано ботокс, меѓутоа сега дојде време за тоа. Го фаќам последниот воз за таа интервенција. Со докторите направив план како во наредните 20 години да изгледам како сега. Мислам дека тоа е можно. Единствените две хирушки интервенции кои ги имам направено до сега се усните и градите, со тоа што на усните немам ставено трајни филери, напиша пејачката.
фото:Инстаграм принтскрин/Јелена карлеуша