Радио Милева

Карлеуша секогаш е во фокусот во „Ѕвездите на Гранд“ ама овој пат Тијана Дапчевиќ ја „фрли во сенка“ (видео)

Карлеуша секогаш е во фокусот во „Ѕвездите на Гранд“ ама овој пат Тијана Дапчевиќ ја „фрли во сенка“ (видео)

Новата сезона од „Ѕвездите на Гранд“ е во полн ек, а на гледачите им е добро познато дека во секоја емисија има по еден специјален гостин во жирито.

Според правилата на новата сезона покрај стандардните членови се појавуваат и гости кои ги оценуваат настапите на натпреварувачите.

Сепак, кој и да се појави, Карлеуша ја има модната доминација, но овој пат таа „падна во сенка“, поради специјалната гостинка, пејачката Тијана Дапчевиќ.

ФОТО:ИНСТАГРАМ/ТИЈАНА ДАПЧЕВИЌ

Бидејќи емисијата е снимена однапред, веќе беше познато дека Тијана ќе биде на пултот за жирирање, но сега таа го најави и емитувањето на истата која ќе се случи оваа сабота.

Тијана за оваа прилика реши да направи драстична стилска трансформација за која претходно се подготвуваше.

Имено, таа пред присутните се појави со руса перика во розова нијанса, а згора на тоа имаше и леќи во боја кои направија да има сини очи.

Необичниот шарен женски костум во колоритен принт, манекенскиот став, периката и бојата на очите, нежната шминка, направија Тијана да изгледа тотално поразлично.

 

А колку ќе биде строга или па не, кон натпреварувачите, останува да погледнеме…

To top