Пејачката Јелена Карлеуша се уште е бесна поради тоа што ријалити ѕвездата полни клубови и има огромна армија фанови. Поради својата аверзија се одлучи на радикален потег.
Јелена ги одбива клубовите во кои настапува Теодора Џехеровиќ и Кристина Кија Коцкар.
-Клубовите кои носат ријалити ликови не може да очекуваат дека и јас ќе пеам на исто место колку пари и да ми платат. Жал ми е, напиша Јелена Карлеуша на Твитер.
Меѓутоа, ова не е првпат таа да се огласи по овој повод. Кога Кија ја промовираше песната „не враќам се на старо“ во соработка со „Министерки“, Карлеуша и тогаш имаше коментар.
-Знаете што, ако во Србија Кија со вакво пеење, изглед и харизма е во тренд, сериозно размислувам да вложам пари во мојата дадилка и гардероберка. Би растуриле! Јас не се шегувам,, напиша во својата претходна објава.