Дефинитивно не постои скандал што Јелена Карлеуша може да ја поремети. Фолк ѕвездата ништо не може да ја „извади од чевли“ и „истресе од гаќички“, освен ако самата не ги соблече. Така беше и по последната скандалозна случка во „Ѕвездите на Гранд“ со дисквалификацијата на младата натпреварувачка Вања Кнежевиќ и драмата што се одвиваше околу неа, во која дебело прсти имаше замешано самата Карлеуша!
Русокоста „мала од скандала“ најпрвин објави остра порака на социјалните мрежи дека нејзината карма е таква, да се’што ќе допре го претвиора во хаос.
„Мојата карма е таква да сè што ќе допрам го претворам во енергетски хаос. Не можам ни да објаснам зошто е тоа така?! Се плашам дека никој друг во моја позиција не може да го издржи целиот притисок што е постојан и немилосрден. Нема жена на овие простори што претрпела повеќе и тоа за жал, стана нормална состојба. Но, затоа никој и друг не е ЈАС “ – порача Карлеуша, за веќе следниот ден да го покаже своето друго лице. Или ако повеќе сакате, разголенато тело и желбата за егзибиционизам, споена со маркетиншка полза.
Имено, Карлеуша сподели нова разголена фотографија на која позира како да не е музичка, туку порно дива. Во провокативна поза, на себе со мрежасти чорапи, ултра модерни чевли с0 високи потпетици и долна облека од латекс, фолк ѕвездата позира со ѕвезди преку голите гради, покажувајќи дека ѕвездената кариера и на овој начин се гради.
Разголена, распиштолена и провокативна, одново предизвика колективна желба кај популацијата од посилниот пол, докажувајќи дека и покрај се’, бариерите секојдневно можат да се рушат, само ако си Карлеуша!
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar