Пејачката Јелена Карелуша често зборува во јавноста за нејзината покојна мајка Дивна и колку нејзината поддршка и значеше во животот, но ретко го спомнува нејзиниот татко Драган Карлеуша.
Но за промена, на нејзиниот профил сподели фотографија каде таа позира со татка си, а за истата доби многу коменатри и лајкови.
Таа и како член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ ги изненади сите кога откри помалку познати детали од биографијата на нејзиниот татко.
Имено, еден натпреварувач ја испеа песната „Лола“која ја потсети пејачката на нејзиниот татко Драган.
– Не знам дали знаете, но татко ми свиреше тапани со групата „Про арте“ на песната „Лола“ и тоа беше многу пред неговата полициска кариера – рече Јелена, која очигледно ја наследи музикалноста од нејзиниот татко. Патем, групата „Про арте“ е основана во 1967 година.
Да потсетиме, Дивна, која своевремено важела за една од најубавите жени од Белград, на возраст од 19 години се омажи за Драган Карлеуша, кој во тоа време беше тапанар. Дивна и Драган се разведоа кога Јелена беше уште мала, но тие живееја заедно уште неколку години. По разводот, Драган има два сина од својот втор брак. Дивна секогаш имала пофални зборови за својот поранешен сопруг затоа што никогаш не ја заборавила љубовта што ја чувствувала на почетокот. Полубраќата на Јелена, Иван и Никола се појавија во јавноста за прв пат кога пејачката славеше 10 години брак со Душко Тошиќ.