Поп- фолк ѕвездата Јелена Карлеуша уште еднаш се појави во стајлинг со кој сите ги остави без здив, а ретко кој би се осмелил да ги искомбинира овие парчиња облека.
При посета на прифатилиштето за напуштени животни, однела храна и рекла дека секогаш е подобро да се посвојува отколку да се купува!
Облечена во тренерка со засеци на колковите, гаќичките повлечени над папокот, кратка спортска дукс јакна која го истакнуваше бујното деколте и на сето тоа со проѕирни потпетици кои совршено се вклопуваат во оваа комбинација.
Иако многумина би помислиле дека сето ова не оди добро, на Карлеуша и приличи одлично!
Пејачката е голем љубител на животните, па секогаш нагласува дека не јаде месо и не носи материјали од животинско потекло.
Фото: Инстаграм принтскрин/karleusastar/с.стојановиќ/Мондо