Радио Милева тетовирана душа со карлеуша

Карлеуша одново осамна на машка рака: Уште еден фан го истетовирал нејзиниот лик! (ФОТО)

Карлеуша одново осамна на машка рака:  Уште еден фан го истетовирал нејзиниот лик! (ФОТО)

Откако регионалните медиуми, а и Вистина.ком.мк меѓу нив, веќе пишуваа за човекот кој е најверниот фан, следбеник и обожавател на Јелена Карлеуша, се појави уште еден, кому русокосата пејачка  му е идол, па и тој како и неговиот претходник, го истетовирал ликот на  белградската „скандал дама“ на својата рака!

Ако Ненад Младеновиќ (25) од Осниќ кај Бољевац до сега важеше за нејзиниот најголем фан, сега тој добил конкуренција.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/go-istetoviral-na-rakata-likot-na-jelena-karleusha-opsednat-ili-iskreno-predaden-nenad-e-nejziniot-najgolem-obozavatel-foto/

Имено, сите знаат дека Карлеуша има голема армија на обожаватели, кои ја следат на социјалната мрежа Инстаграм и и’ се восхитуваат на работата и успесите на поп-фолк пејачката, а како доказ за нивната љубов и лојалност кон неа, уште еден од обожавателите на Карлеуша го истетовира нејзиниот лик на раката. овој негов потез одново ја воодушеви русокосата, па таа реѓи да му се заблагодари во свој стил.

Карлеуша фотографијата со неговата тетоважа ја објави на својот Инстаграм и му се заблагодари за поддршката со емотикони во вид на срце и склопени раце.

Се чека следниот, што нејзиниот лик ќе го истетовира на малку поспецифично место?!

To top