Фолк дивата ја тужеше Јелена Карлеуша поради низата клевети и навреди, а по вторпат не се појави на судот иако полицијата лично и ја врачи поканата.
Како што пишуваат српските медиуми, на полицијата вратата им ја отворила лично Јелена и ја добила поканата за суд, но не се појавила бидејќи како што вели нејзиниот адвокат ја примила доцна.
Ова е вторпат Карлеуша да го избегне рочиштето, а не се појави и на претходното кое беше закажано за 4-ти октомври, кога повикот за суд го земала помошничката која наедно и се потпишала.
Тогаш, Јелена се правдаше дека судењето не било на тој датум, а судијата и сам потврдил дека позивот бил донесен во куќата на Карлеуша. По се, српските новинари ја прашаа Цеца што мисли за однесувањето на тужената.
-Очигледно во прашање е избегнување . Во секој случај, не сум јас таа што треба да полемизира околу тоа. Секако, се појавувам како што треба и ќе се појавам секој пат, мене ми е најважно правдата да се докаже и тоа ми е единствената сатисфакција, порачува Цеца Ражнатовиќ.
Потсетуваме, се започна кога ЈК во медиумите ја обвини Цеца дека наводно го нарачала убиството на Зоран Давидовиќ.