Јелена Карлеуша направила скандал за време на снимањето на најновото издание на „Ѕвездите Гранд“ затоа што нејзиниот кандидат неминал во следната рунда. Лута како рис кон колегите, пејачката станала, го напуштила студиото, седнала во својот автомобил и не се вратила повеќе од час и половина, поради што нејзините колеги и публиката се побуниле.
Јелена дава се од себе кога станува збор за нејзините кандидати. Таа формираше цел тим што работи со нив, па заедно вежбаат пеење, избираат песни, се грижат за нивниот настап, стајлингот, кореографијата… Полага големи надежи во нив, па се налути кога една од натпреварувачките, Ангела Тасиќ , не помина понатаму, во емисијата што допрва ќе се емитува.
Девојчето имаше трема и не беше најдобро, но факт е дека таа е талентирана. Кога Ангела пееше две песни, само Вики и Давид го дадоа својот глас, додека Бекута и Босанац – не. Марија не беше тука, таа замина кога девојчето започна да пее под изговор дека треба да му донесе лек на Босанац, за да не гласа.
Јелена беше бесна, ги праша колегите дали е фер? И недостасуваше еден глас за бараж, па почна гласно да вика:
„Уште полоши кандидати минале и оделе во баражот, дали нема да и дадете глас? Ова не е фер! Дали сте нормални?! Јас несакам да бидам повеќе тука!“
„Јелена толку многу се „дереше“ што одекнувало целото студио. Тогаш таа луто ја отстрани бубачката (микрофон) и замина без збор“- изјавил изворот кој присуствувал на снимањето, додавајќи дека сите останати биле изненадени, но мислела дека Карлеуша излегла надвор за да дојде при себе и дека ќе се врати за пет -десет минути.
Меѓутоа, кога Шерифовиќ им рече дека се качила во нејзиниот автомобил и си заминала дома, никому не му се веруваше.
„Сите колеги се спротивставија и согласија дека Јелена имала третман, каков што ќе посака. Дури и публиката започна да се буни, а на Саша Поповиќ му беше многу непријатно. Ја побара Јелена на телефон, но таа не одговори, па тој за да ги смири сите, реши да направи голема пауза, а соработниците на Саша, Марија и Јелена продолжија да ја бараат Карлеуша од бекстејџот, но таа на почетокот ниту ним не им се јавуваше. На крајот, таа сепак одговори и тие успеаја да ја убедат, а Поповиќ ја замоли да не прави проблеми, па таа се врати“ – вели изворот.
Тој додава дека поминале повеќе од час и половина пред Карлеуша да се врати. До крајот на снимањето не била расположена и не комуницирала многу со нејзините колеги, а потоа не била достапна ниту за медиумите.