Радио Милева ултраскап стајлинг

Карлеуша на гласање дојде облечена како за на црвениот тепих на Оскар: Од цената на чантата на русокосата ќе ви се заврти во главата

Карлеуша на гласање дојде облечена како за на црвениот тепих на Оскар: Од цената на чантата на русокосата ќе ви се заврти во главата

На парламентарните избори во Србија кои се одржуваа викендов Јелена Карлеуша се појави на гласачко место на Дедиње со многу скапа чанта „Шанел“! Русокосата излезе на избори облечена како за на црвениот тепих на Оскар, а за нејзиниот стајлинг и понатаму се зборува.

Музичката поп-фолк дива се појави во црн фустан, а еден детаљ ги привлече сите погледи.

Имено, Карлеуша чизмите „Баленсијага“ ги спои со скапа чанта „Шанел“, изработена од најфина, штепувана кожа, чија цена е цели 10.000 евра.

Да потсетиме, Јелена Карлеуша последниве денови беше главна тема на медиумските написи по ексклузивното интервју кое го даде на Драган Ј. Вучиќевиќ, во подкастот на Информер.Таа на бројни теми разговараше со главниот уредник на најпродаваниот весник во Србија, а за прв пат со јавноста ги сподели деталите од романсата со Зоран Давидовиќ Ќанда, разводот со Бојан Кариќ и врската со Душко Тошиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Фото: Инстаграм/karleusastar

To top