Изминаа 6 месеци откако Јелена Карлеуша ја загуби својата мајка Дивна со која беше најмногу приврзана . Тагата не престанува, а болката е сè уште неописиво силна.
Пејачката се огласи преку својот Инстаграм, потсетувајќи ги фановите со неколку фотографии на најемотивните моменти што ги поминала со својата мајка .
„Шест месеци мамо … шест месеци“, напиша Јелена на социјалните медиуми.
За потсетување, Дивна Карлеуша, познатата новинарка и мајка на Јелена Карлеуша, почина во својот стан на 61-годишна возраст на 3 март годинава.