Радио Милева интернет војна

Карлеуша ја ископира Прија: Пејачките во исти фустани, фановите со препукување, на која подобро и стои? (ФОТО)

Карлеуша ја ископира Прија: Пејачките во исти фустани, фановите со препукување, на која подобро и стои? (ФОТО)

Пејачката Александра Пријовиќ неодамна го објави својот видеозапис за нејзината нова песна „Легитимно“, каде за прв пат откако е во брак, ја видовме во многу провокативно издание.Влажна и поприлично разголена, Прија ја закокотка фантазијата на машките приврзаници на пејачката, особено што оддамна ја немаа видено во толку слободни пози.

Сепак, на почетокот на видеото, Прија е облечена во долг, бел фустан кој брутално добро и прилега, правејќи ја исто толку секси и кога е подразголена.

Песната веќе  високо котира на радиските и телевизиските топ листи, а нејзината колешка Јелена Карлеуша се чини дека откако го видел видеото, неколку дена подоцна се појави во истиот или барем многу сличен, да не речеме „копи-пејст“ фустан на прославата на роденденот на колешката Наташа Беквалац.

Карлеуша имаше само малку поголемо деколте, обликувано според нејзините гиганстаки силконски гради, додека кај Прија фустанот е затворен, но длабокиот шлиц ги открива убавите долги нозе на двете пејачки.

И тука започнува „интернет војната“ на обожавателите на двете фолк ѕвезди. Која кого копира, на која фустанот подобро и стои, чии атрибути се поубави и посекси… и слично.

Работите отидоа дотаму, што медиумите дво Србија како порталот Информер, на пример, објавија и анкета на кој ачитателите можат да гласаат.

To top